Пушилин: Убиен жител на Красноармејск

 

Припадници на украинските сили за безбедност убија еден цивил во градот Красноармејск, каде веќе заврши референдумското изјаснување, изјави еден од лидерите на проруските сепаратисти во Доњецк, Денис Пушилин.

Тој појасни дека убиството го извршиле борци од национална гарда и оти убиениот бил мирен жител на градот, пренесува ИТАР-ТАСС.

Пушилин не соопшти повеќе детали.

12.05.2014 - 00:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега