Јакимовски ги извади пораките што му ги праќал Заев - „Кажи колку пати го молеше Груевски“

Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски вечерва реагира на изјавата на Шеќеринска, дека Заев можел да стане како Стевче. Неговата реакција Ви ја пренесуваме во целост:

„Не госпоѓо Шеќеринска, Заев не можеше да биде Стевче, ни случајно. Вие добро го знаете тоа, но немате доблест да го признаете. Или свесно сте заборавиле  или и натаму им слугувате на дворските игри што го влечат СДСМ удолу. За секој случај ќе ве потсетам:

На 16 февруари 2013 година, примив две пораки. Едната од Бранко Црвенковски, другата од Зоран Заев. За Шеќеринска е многу поинтересна онаа што ми ја напиша Заев и која уште можам да и ја покажам. А таа гласи вака: „Се гордеам што имам таков другар во партија“. Епа сега нека се договорат, ќе се гордеат со мене или ќе се срамат?!

Патем, јас кај Груевски не се јавував по телефони. Одлучив и отидов на избори. Нека го праша Шеќеринска Заев колку пати се јави кај Груевски да го пролонгира рокот за пријавување на локалните избори. И Заев ќе го направеше истото што и јас, но исто како и Зоран Дамјановски, мислеше  дека без СДСМ ќе ги загуби изборите. Јас не се плашев. Бев решен и излегова на локални избори. Ете затоа Заев не може да биде како Стевче! Тука е во право Шеќеринска.

Впрочем, Шеќеринска нека каже кога во животот излегла на непосредни избори или добила. Секогаш се шлепува на партијата. Таа во историјата на СДСМ има изгубено со најлош резултат, па и покрај тоа, се трудевме да ја направиме и премиерка, во 2011 година. Дури и тие избори ги загуби. Мој совет е мирно да си ги троши тие 5.000 евра што ги зема од наводната кирија за станчето, оти во политиката, СДСМ со неа само книжи загуби“ вели Јакимовски.

11.05.2014 - 21:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа