Уживајте уште некој ден - следи поголемо заладување и нови врнежи

 

Неделата што е пред нас ќе донесе големи промени во временските услови. Добро е ако го искористивте викендот кој е веќе зад нас, за да излезете некаде во природа и да поуживате во сонцето и топлото време, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

 

Релативно топло време ќе се задржи и во понеделник и во вторник. Максималната темература ќе биде во границите помеѓу 24°С и 29°С во понеделник, а во вторник таа ќе биде пониска во однос на понеделничката за околу 2°С.

Во понеделник нé очекува сончево време со умерена облачност. Во мал дел од земјата ќе има услови за слаб повремен дожд. Во вторник ќе има услови за локална нестабилност попладне, но повеќе изразена во источната половина од земјата.

Во овие први два дена од неделата ќе дува претежно слаб ветер. Само наместа повремено ветерот ќе биде умерен.

 

Поголема промена на времето се очекува во среда. Среда носи позначителна дестабилизација на атмосферата која ќе донесе врнежливо време локално проследено со грмежи. Наместа дождот ќе биде пообилен.

Максималната температура ќе опадне во однос на вторник за околу 7°С. Падот на температурата ќе биде поосетен во северните делови од Македонија. Дијапазонот на максималната температура ќе биде од 17°С до 22°С. Ќе дува умерен до засилен ветер. 

 

 

Но, тука не застанува трендот на пад на температурата. Четврток ќе биде постуден во однос на среда за околу 3°С. Дијапазонот на максималната температура ќе биде од 14°С до 19°С. Ќе преовладува претежно облачно време со повремен дожд.

 

 

 

 

 

Свежо и претежно облачно време со повремен слаб дождсе очекува и во петок.

11.05.2014 - 20:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега