МЗТ Скопје ќе ја брани титулата

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром е на само една победа до одбрана на титулата.

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски’’ кошаркарите на МЗТ Скопје со 72:44 го совладаа Кожув и поведоа со 3:0 во победи во финалната серија од плејофот, која се игра до четири добиени натпревари.

 

Клучен во вечерашниот натпревар беше третиот период кој МЗТ Скопје го доби со 19:9, па на осумте поени од полувремето, придодаде уште десет поени предност во пресрет на последната четвртина, кој само рутинирано ја зголеми до крајот на средбата.

 

Ѓорѓи Чековски со 27 поени (4/6 за три поени) и 6 скокови беше најзаслужен за победата на МЗТ Скопје, во чии редови двоцифрен број на поени постигнаа и Никола Оташевиќ (13) и Кејт Дејвис (10).

Првата можност да ја прослават новата шампионска титула кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја имаат веќе во недела во Гевгелија, за кога е закажан четвртиот натпревар.

ФОТО: Хитпортал

најчитано сега