Паника во воздухот: Се запали балон - три лица се водат како исчезнати
Вистинска драма се одвивала во воздухот. Три лица се водат како исчезнати откако на Средноатлантскиот фестивал на балони во Досвел, на 30 километри од Ричмонд, се запалил еден од балоните.
Несреќата се случила синоќа околу 19 часот и 30 минути по локално време, а спасувачките тимови се уште трагаат по пилотот и двајцата патници кои биле во корпата на балонот.
Поради оваа несреќа, целата програма на овој фестивал за денеска и утре е откажана.
10.05.2014 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа