Јариќ се отвори за разводот со Лима - еве што кажа

Сите балкански и светски медиуми пишуваа наголемо за разводот меѓу Адријана Лима и Марко Јариќ. Кошаркарот во емисијата на Иван Ивановиќ  за прв пат проговори за сето она што се случува.

 -Јас и Адријана решивме да се разделиме, веќе подолго време зборувавме за тоа, едноставно дојдовме во фаза од бракот кога карактерите ни се судираат, не функционираме како што треба, се создава мошне силна негативна енергија што е лоша за нашите ќерки и затоа решивме да се разделиме. Дали тоа ќе биде само пауза или засекогаш, сè уште не знаеме, изјави Марко.

Според Марко нема никаков скандал, но медиумите во Србија се оние кои ја напумпале приказната, па сега дури и светските медиуми се водат по овие тврдења бидејќи мислат приказните се точни.

-Луѓето треба да сфатат дека јас и понатаму сум заштитнички настроен кон своето семејство, особено кон ќерките и понатаму имам големо почитување кон Адријана која е мајка на моите деца и така ќе биде засекогаш, додаде Јариќ.

10.05.2014 - 10:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега