Мистерија во Делчево: Лекарите рекоа дека ќерката е мртва - добивме покана да тргне во прво одделение
Една покана за првооделенче, отвори болна мистерија-каде е 6-годишната Ана Симовска од делчевското село Очипала? Таа е жива, според државата, а родителите го знаат само тоа што им ги кажале лекарите дека Ана починала поради срцева мана во болницата во Штип, каде била испратена од делчевскиот педијатар, неколку часа по раѓањето, пренесува локалната телевизија Стар.
Да биде мистеријата поголема, на 6 мај оваа година, родителите извадиле и Уверение за државјанство и Извод од матичната книга на родените на несреќната Ана. Па, сето тоа ги храни сомневањата дека малата Ана која била трето дете во семејството, е жива.
Родителите на Ана, очекуваат полицијата да влезе во трага на нивното дете и да открие дали драмата што ја преживива ова семејство е резултат на административна грешка или нивната рожба е жртва на трговија со деца.
Од СВР Штип информираат дека случајот е пријавен во полиција и во соработка со Јавниот обвинител се преземаат мерки за негово расветлување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа