Нова инвестиција - можност за 350 вработувања

Британска компанија која се занимава со бизнис аутсортинг за бизнис процеси за глобални британски компании, ќе отвори своја канцеларија во Скопје.

Директорот на агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида, истакна дека по отворањето на канцеларијата во Скопје, компанијата подоцна планира да отвори свои канцеларии и во други градови во Македонија, пренесе Курир.

Претставниците на британската компанија која ќе инвестира во Македонија истакнаа дека се одлучиле за отворање на канцеларии токму тука поради квалитетот на инфраструктурата, квалитетниот кадар кој го има Македонија, но и владината помош.

09.05.2014 - 15:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега