Скопјанец излажал дека го нападнале за да не ја разочара болната мајка

Скопјанец си заработи кривична пријава поради лажно пријавување.

Се работи за 29-годишниот Ј.Ј. од Скопје кој ја излажал сопствената болна мајка дека станот го дал под кирија, а всушност направил хаос со него.

Скопјанецот на втори месецов во полициска станица, иако свесен дека не е вистина, пријавил дека на паркингот зад НЛБ Тутунска Банка лоцирана на ул. “Водњанска,“ во правец кон ул.“Железничка“, извршено му е разбојништво, при што му се одземени една црна ташна за на рамо, лична карта, возачка дозвола, патна исправа, здравствена легитимација, разни ситни предмети и еден паричник црна боја во кој имало 200.000 денари.

По издадена наредба била побарана снимка од безбедносните камери од банката, за која скопјанецот тврдел дека оттаму ги подигнал парите. На камерата тој воопшто не бил забележан, а банката издала документ во кој јасно стоело дека Ј.Ј. на втори месецов воопшто не направил никаква трансакција во банката и не извадил 200.000 денари.

Лажното разбојништво го пријавил бидејќи не сакал да ја разочара неговата болна мајка.

најчитано сега