Анкета: Приближно 60 проценти од граѓаните на ЕУ не се заинтересирани за европските избори

 

Шест од секој десетти граѓанин на Европската унија „не е посебно заинтересиран“ за изборите за Европскиот парламент, што треба да се одржат во текот на месецот, покажуваат резултатите од анкетата на Ипсос-МОРИ.

Во анкетата спроведена во април учествувале 8.833 луѓе од 12 земји-членки на ЕУ - Белгија, Велика Британија, Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Шпанија и Шведска.

Од испитаниците 62 отсто изјавиле дека или „воопшто не се заинтересирани“ или „не се топлку заинтересирани“ за изборите што ќе се одржат од 22 до 25 мај. Само 35 проценти изјавиле дека сигурно ќе гласаат, што е помалку од 43 отсто кои гласале на минатите избори во 2009 година.

Анкетата покажала дека најголем изборен ентузијазам има во Белгија (53 проценти), потоа Франција (44) и Холандија (41), а најнезаинтересирани се во Велика Британија (27) и Полска (20 отсто). 

08.05.2014 - 16:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега