Пијан штипјанец дивеел низ Штип па го натепал полицаецот кој го привел

Вчеравечер во полициското возило на штипската полициска станица се случил инцидент во кој со повреди се здобил полициски службеник, јавува Канал 5.

Откако граѓани го пријавиле недоличното однесување на Т.К. органите на редот го привеле насилникот во полициското возило каде тој го натепал и полицаецот.

34-годишниот штипјанец кој при возењето го навредувал полицаецот во еден момент го нападнал и со тупаници во пределот на лицето.

Кај штипјанецот се пронајдени два промили алкохол во крвта.

најчитано сега