Херој: Четиригодишно момче го спаси животот на својата мајка

 

Четиригодишно момче од Велика Британија е вистински херој кој ја спаси својата мајка од смртта.

Се работи за Тристан Спур кој ја спасил мајка си додека таа имала епилептичен напад.

Тристан веднаш повикал брза помош и останал со својата мала сестричка додека да дојдат болничарите.

-Го учев да врти на брза помош на неговиот телефон играчка. Знае да повика и противпожарно возило и да се јави во полиција. Сакам да знае како може да дојде до помош во итен случај, иако се надевав дека никогаш нема да дојде до тоа, вели мајката.

Службата за брза помош го номинира Тристан за медал за храброст.

најчитано сега