Дачиќ: ЕУ обезбедува милијарда евра за Западен Балкан до 2020 година

Првиот потпретсеадтел на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека ЕУ преку претпристапни фондови (ИПА) до 2020 година ќе обезбеди милилјарда евра за државите од Запден Балкан.

Во регионални проекти ќе бидат вложени дополнителни 10 милијарди евра. Дачиќ наведе дека тоа било укажано на работниот состанок на шефовите на дипломатии на држави од Запден Балкан и европскиот комесар за проширување Штефан Филе во Солун.

– Еден од неколкуте приоритети во обалста на енергетиката и транспортната политика е Коридорот 10 како што напишаа во заклучоците, од Загреб до Грција, додаде Дачиќ.

08.05.2014 - 15:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега