ФОТО: Екс-пратеник на Златна Зора се расплака во Собранието

Златна зора дефинитивно ќе влезе во историјата на Грција откако еден нејзин сега веќе екс – пратеник, се расплака во собрнието.

Станува збор за Статитс Букурас кој веќе 4 месец се наоѓа во затвор, а откако ја напушти партијата стана независен пратеник. Тој во говорот за одземениот пратенички имунитет не успеа да се воздржи.

„Се убидувам да ве убедам за мојата невиност, дека е неправда тоа што 4 месеци се наоѓам во затворот во Нафплио“, изјави Статис по што следеше голема пауза.

Тој се обиде да се смири и да се извини психолошката состојба во која се наоѓа и продолжи во плач да раскажува.

„Кога ме повика истражниот судија реков дека сум горд за се што сум направи и кажав дека си легнав како пекар а се разбудив како пратеник. Јас сум дете од народот. Работам  од 15 годишна возраст. Ова не го кажувам за да ме жалите. Татко ми имаше рак и бев принуден јас да го преземам семејниот бизнис. Во брак сум 25 години и имам 3 деца.

Син ми има 18 години ќерка ми 15 а најмалата 3 години. Ме посетуваат во затвор, а јас ги гледам само 1 час во неделата. И ме прашуваат: „Тато зошто си во затвор? Каков криминал направив? – низ солзи, прашуваше Букурас, тврдејќи дека не е нацист туку е патриот и од секогаш бил поддржувач на ПАСОК.

„Андреас Папандреу ме направи националист кога велеше дека Грција им припаѓа на Грците“ рече екс Златнозорецот.

 

За време на неговото обраќање неговите поранешни сопартијци од Златна Зора, му се потсмеваа и иронично коментираа меѓу себе.  

08.05.2014 - 15:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега