Ужас: Ја издрогирале и ја силувале - кога се освестила ги избодела со нож

Дваесет и тригодишна Србинка вчера во нож избодела тројца мажи во Виена, тврдејќи дека ја силувале, а мажите што го повредила ги познавала. Имено според неофицијалните информации од полицијата таа и тројцата мажи случајно се сретнале пред две вечери во еден клуб, па заедно прошетале низ неколку кафулиња, па на крајот дружењето го завршиле кај неа во станот, во кој била уште една девојка и момче, но во другата соба.

Според информациите од полицијата, Петра, која со ваков псевдоним ја водат австриските медиуми, најверојатно била зашеметена со дрога за силување. Таа рекла во полиција, дека кога утрото се разбудила и видела што и се случило, и се стемнило, по што зела кујнски нож и ги избодела мажите на возраст од 19, 20 и 21 година.

Една сосетка рекла дека Петра често се карала со мажите што доаѓале кај неа. Оваа жена, вчера пред да дојде полицијата, наводно ја слушнала несреќната девојка како вреска и видела чевли и телефон како летаат низ прозорецот од нејзиниот стан. Девојката и момчето кои драматичната вечер била во другата соба во станот велат дека не знаат ништо за наводното силување ниту за нападот со нож.

Инаку двајца од мажите се здобиле со тешки убодни рани, додека третиот има повреди на зглобот. Сите тројца се згрижени во болница. Девојката исто така била повредена, па и таа е префрлена на лекување.

08.05.2014 - 14:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега