Ќе се гради ѕид на границата помеѓу Турција и Сирија

Турција ќе изгради ѕид на границата со Сирија со цел да го спречи илегланото влегување во земјата, изјави турскиот министер за царина и трговија Хајти Јазаџ.

Ѕидот ќе биде со должина од 2,5 километри и дел ќе биде од бетон, а дел од бодликава жица. Заштитниот ѕид ќе биде изграден на граничниот пункит Џилвегозју во округот Хатаи.

 

На 11 мај во турскиот град Рејханл во два напада со автомобили-бомби загинаа 52 луѓе, а над сто беа повредени. Граниграничниот пункит Џилвегозју се наоѓа на помалку од десет километри од центарот на Рејханл.

Јазаџ потврди дека веќе е потпишан протокол со турските вооружени сили за изградба на ѕидот.

најчитано сега