Погледнете каква средношколка си фати Џастин Бибер

 

Џастин Бибер се чини дека има нова љубов.

Дваесетгодишниот пејач изминатите неколку денови е снимен во друштво со непозната убавица. Секако, непозната само до пред неколку денови, затоа што веќе е познато нејзиниот име.

Таа е Јована Вентура, се занимава со моделинг, има 18 години и се уште оди во средно училиште во Мајами. Освен тоа, на нејзините голем број фанови на Инстаграм (бројот на следбеници брзо се зголеми, па сега ги има околу 225 илјади) најмногу сака да им покажува како изгледа нејзиното тело и им дава упатство за тоа како да се хранат и како да вежбаат, со што и заработува.

Неименуван извор за Е!Online изјави дека на Бибер Јована му оставила многу голем впечаток .

- Џастин сакаше да ја запознае. Ја побара. Не е многу силно, но многу се дружат во последно време. Односот им цвета, и не би ме чудело веќе да се официјално во врска. Комуницираат од март, кога тој контактирал со неа. Кон почетокот на април, кога тој дојде во Мајами се дружеа за викенд. Тогаш поминаа заедно неколу денови. Се уште се запознаваат.

Од нивната последна средба во Лос Анџелес, Вентура на Инстаграм објави фотографија каде што напиша: - Со мојот пријател Џастин Бибер

08.05.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега