СДСМ повторно во заштита на осомничени за криминал

 

СДСМ повторно се става во заштита на осомничени за криминал. Од Бихаќка денеска во писмено соопштенија изразија зачуденост, како може да биде уапсен токму сидникалниот лидер на лекарите. 

„Исклучително е чудно како токму синдикалниот лидер на здравствените работници од Клиничкиот центар, кој го предводеше штрајкот на лекарите, е осомничен и притворен за примање мито.

 

СДСМ воедно укажува на лицемерие на институциите во Македонија, коишто се мајка за власта, а макеа за сите останати“ - велат од СДСМ

Претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар беше уапсен откако според полицијата бил фатен ан дело додека прима мито од 2000 евра за нелегално да посредува при добивање на инавлидска пензија. 

08.05.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега