Наместо мобилен „GALAXY“ му стигнала замотана цигла!

Набавувањето преку интеренет за лицата М.С. од Сврљига, и Н.П. од Ниш заврши неславно затоа што наместо посакуваните технички уреди кои ги имале добро платено, тие добиле цигла и стари фармерки. 

М.С. преку интернет портал „Купувам продавам“ нарачал лаптоп со марка „Sumsung“ и мобилен телефон „HTC“ за кои платил 71,800 динари. Но во пакетот кој го добил нашол стари фармерки, крпи и парче цигла. 

Ништо подобро не пронашол ниту средношколецот Н.П. од Ниш кој посакал „Samsung galaksi S4“. Во кутијата од телефон која му стигнала била замотана цигла!

И двете измамени момчиња поднеле кривична пријава против непознати сторители. Полицијата работи на случајот.  

 

 
08.05.2014 - 09:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега