Путин побара одложување на референдумот во Доњецк

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика проруските сепаратисти во источна Украина да го одложат референдумот за „декларацијата за независност“ на самопрогласената Доњецка народна република.

– Ги повикуваме претставниците на југоисточна Украина да го одложат референдумот закажан за 11 мај, за да се создадат неопходни услови за дијалог, изјави Путин на прес-конференција по средбата со претседателот на ОБСЕ Дидие Буркхалтер.

Буркхалтер од своја страна додаде дека ОБСЕ во текот на денот ќе предложи свои планови за запирање на кризата во Украина. 

07.05.2014 - 17:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега