ФОТО: Што разговараа Ахмети и Орав?
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Г-дин Али Ахмети, денес во седиштето на ДУИ во Тетово, го пречека Амбасадорот на ЕУ во Македонија, г-дин. Аиво Орав.
Амбасадорот Орав му честиташе на лидерот Ахмети за постигнатиот резултат на Демократската Унија за Интеграција на изборите на 27 април и за спроведувањето на изборниот процес. Исто така, Претседателот Ахмети и Евроамбасадорот Орав разговараа околу преговорите, добрососедските односи, решавање на прашањето за името и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.
Претседателот Ахмети истакна дека албанските граѓани правилно ја проценија платформата на Демократската Унија за Интеграција заедно со фактот дека ДУИ побара мандат за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, за помирување, за зближување, добрососедски и меѓуетнички односи како и за економскиот развој.
Политиките на ДУИ се афирмативни и од проектите кои ги реализираме придообиваат сите граѓани, без оглед на етничката и верската припадност.
Започнатите разговори на двете страните кои добија апсолутен легитимитет, кај двете етнички заедници, ДУИ и ВМРО - ДПМНЕ, се започнати и се развиваат во правец на хармонизација на изборната платформа и на видувањата за иднината на земјата како и земање на поголема одговорност во овој мандат.
Евро-атлантските интеграции се приоритет на Демократската Унија за Интеграција, и затоа Претседателот Ахмети ги покани нашите пријатели во Брисел и Вашингтон заедно да работиме за да се забрза овој процес во пресрет на самитот на НАТО во септември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа