Македонските земјоделци во масовен број ги поднесуваат барањата за годинашните субвенции

Вкупно 310 земјоделци од општините Крива Паланка и Ранковце поднеле барања за годинашните субвенции што е 25 отсто од вкупната бројка регистрирани 1.340, информира Регионалната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

- Аплицирањето трае до 31 мај, но апелирам земјоделците да не чекаат до крајниот рок како досега, рече советникот во Регионалната канцеларија на Агенцијата Влатко Ристовски.

Ристовски информира дека неодамна заврши аплицирањето за субвенции за произведени и предадени литри млеко во млекарниците, а согласно оваа мерка 95 производители од регионот поднеле барање за финансиска поддршка.

- Субвенциите им се добредојдени на сите земјоделци како стимулација да ги зголемат своите капацитети со што остваруваат право на поголема финансиска помош, но се мотивација и за оние кои до сега не произведувале ништо да почнат да се занимаваат со земјоделство. Доколку почнат годинава, следната ќе остварат право на субвенционирање, нагласи Ристовски.

Процедурите за аплицирање се значително поедноставени, а условите ќе бидат подобрени. Ќе се влијае и на трошоците за сите што планираат да аплицираат.

07.05.2014 - 14:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега