Јоксимовиќ: Во Македонија немој да пееш ако не знаеш

Oткако ги наполни Билјанини извори еднаш, а „Борис Трајковски“ двапати, еден од најдобрите пејачи на Балканот, Жељко Јоксимовиќ, ќе ја полни и националаната арена „Филип Втори“.

Јоксимовиќ на голем концерт во Скопје доаѓа на 21 јуни, а организаторите го најавуваат како спектакл на досега најголемата концертна сцена воопшто направена во Македонија, со најдоброто озвучување што некогаш воопшто е донесено во Македонија. Јоксимовиќ со овој концерт ќе ја почне својата летна концертна турнеја.

- Македонија ја има најгласната, но и најверната публика. Еднаш реков, во Македонија немој да пееш ако не знаеш. И сега го велам истото. Затоа во јуни ќе почнам од Скопје. Затоа што вие знаете да пеете, а и затоа што знам дека тој концерт на националната арена ќе биде идеален почеток на една голема концертна турнеја – изјави Жељко Јоксимовиќ.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба веќе од четврток по промотивна цена од само 200 денари за трибина и 250 за партер до 10 јуни. Влезниците пак за оние најголемите фанови кои што сакаат да влезат во зоната за најверни обожаватели, ќе чинат 400 денари и се во ограничен број. 

Можете да ги најдете низ сите продажни места во земјава. Причината за ова е желбата на Жељко, сите што ја сакаат неговата музика, сите што ги знаат неговите рефрени, да можат да си дозволат таа сабота на 21 јуни, во еден глас да пеат со својот миленик. Она што овој концерт уште во најава го прави спектакуларен е идејата на организаторот во функција на публиката и многубројните фанови да бидат ставени трите трибини, јужна, северна и источна.

06.05.2014 - 19:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега