"Пробав да си ги исечам вените" - си ги тужи родителите за лошото детство

Момче од Полска си ги тужи родителите бидејќи како што вели не му пружиле добро детство. Се работи за 29-годишно момче кое од родителите бара отштета од 35.000 евра, бидејќи како најстар син на татко кој работи како рудар, и мајка која работи како кројачка, оди кај психијатар, има проблеми со срцето, како и други здравствени проблеми.

- Ме болеше стомак, а мојата мајка не ме водеше на лекар како сите други мајки. Кога јадевме ми велеше дека многу јадам и дека тоа чини пари. Нови книги, алишта? Тоа не сум го доживеал, вели момчето чиј идентитет не се открива.

Тој додава и дека додека бил малолетник, се обидел да си ги пресече вените поради ситуацијата во која живеел.

06.05.2014 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега