Насилници искршиле од ќотек малолетник од Скопје

Во текот на вчерашниот ден се случил инцидент пред АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје. Според податоците од полицијата, група ученици физички го нападнале 16-годишниот Ф.Ѓ. од Стајковци, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Насилниците на момчето му нанеле видливи повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

06.05.2014 - 11:52
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега