Нова рунда разговори за името

Амбасадорот Метју Нимиц свика нова рунда разговори за името денеска во Њујорк. Според соопштението на Обединетите нации, двајцата посредници во разговорите, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, ја прифатиле поканата.

Нимиц прво ќе оствари одделни средби со Јовлевски и Василакис, а потоа и заедничка средба во седиштето на Обединетите нации.

Оваа средба, која доаѓа пред европските и локалните избори во Грција, беше најавена по претходните разговори во Њујорк на 26 март. Нимиц тогаш најави и посета на Македонија и Грција, откако во двете земји ќе завршат изборните циклуси. 

06.05.2014 - 10:20
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега