Истурил канта бензин и ја запалил: Подметнат пожарот во куќата на Ивона Талевска

ivona

Семејната куќа на главниот и одговорен уредник на весникот „Вечер“ и вестите на „Сител“ телевизија, Ивона Талевска, ја зафати силен пожар во средината на септември минатата година. Деновиве, новите официјални полициски наоди покажваа дека огнот бил подметнат.

Талевска за „Република“ раскажува за кобниот ден.

- Останав зачудена од извештајот. Не се сомневавме дека некој намерно нѐ запалил. Немаше никакви закани, ниту, пак, проблеми – вели Талевска

Несреќата се случила околу 16 часот попладнето, баш во моментот кога нејзиниот татко бил на горниот спрат од куќата и во моментот ја гледал на вестите на „Сител“.

Токму тогаш, на приземјето од семејната куќа во Радишани, влегол подметнувачот кој истурил бензин и го запалил огнот. Брзата и трезвена реакција на таткото на Талевска, спречила трагедијата да биде поголема. Во пожарот изгорела целата покуќнина и целото приземје.

- Татко ми беше присебен и веднаш ја исклучи струјата. Соседите одма помогнаа и гасеа, а за среќа две пожарникарски коли кои беа во близината пристигнаа за помалку од 10 минути – раскажува таа.

Повеќе прочитајте на Република

05.05.2014 - 20:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега