СЗО: Ширењето на полио претставува ургентна меѓународна здравствена ситуација
Како што соопшти Светската здравствена организација, ширењето на детската парализа (полио) претставува ургентна меѓународна здравствена ситуација.
Светската здравствена организација на граѓаните им препорачува се вакцинираат ако патуваат во земјите каде вирусот е распространет, вклучително Пакистан и Сирија. Како и да носат потврда дека се вакцинирани.
- Постоечката ситуација бара прогласување на ургентна здравствена ситуација, изјаби Брус Ајлворд од СЗО.
Тој зборувајќи на итниот состанок во Женева за ширењето на детската парализа истакна дека е неопходна координирана меѓународна реакција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа