ФОТО: Спектакуларна сообраќајка во Скопје

Три автомoбили се судриле на булеварот Александар Македонски во скопска Автокоманда, јавува Република. Според информациите, автомобилите го попречуваат сообраќајот, па се препорачува да се избегнува овој булевар доколку за тоа постои можност. Очевидци за Република велат дека еден од автомобилите буквално е на хаубата на другиот. На терен се екипи на Брзата помош и полицијата, но се уште нема информации за повредени. 

Фотографиите погледнете ги на Република

05.05.2014 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега