Помогнете му на вашиот партнер да го доживее оргазмот од соништата- стимулирајте ја неговата Г-точка

За оние што не знаеле, машката Г-точка е простатата. Тоа е жлезда која се наоѓа отприлика пет до седум сантиметри од анусот, на предниот дел од аналниот канал и директно под мочниот меур.
Иако нејзината главна задача е да произведува семена течност и истата да ја излачува во уринарната цевка, простатата не допринесува само за репродукција кај мажите туку може да доведе и до неверојатен оргазам. Масажата и допирањето на простатата некои мажи може да ги доведе до најјакиот оргазам кој некогаш го доживеале, а експертите кажуваат и дека тоа добро влијае врз здравјето на простатата.
Како до оргазам од соништата
Простатата можете да ја стимулирате на два начини: со нежна масажа на перинеумот или преку анусот. За да ви дозволи партнерот да му ја стимулирате простатата на овој начин ќе морате да се погрижите првенствено и двајцата да сте опуштени и навистина желни за нови авантури.
Без висок степен на доверба и позитивен став до овие видови на игри едноставно нема да дојдете. Ако пак имате се од ова, тогаш со среќа!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа