Директорка на училиште отпуштена поради секс во тројка
35- годишната Ени Шмутц Сејфула во четвртокот беше отпуштена од позицијата директор на техничката и уметничка гимназија „Роберт Вагнер“ во Лонг Ајленд.
Таа е обвинета затоа што спиела со чувар, заменик-директор и родител на ученик за време на наставата, а како доказ се земени фотографии од предметните средби на службените компјутери.
Инспектори и детективи ги конфискувале компјутерите и друга електроника од канцеларијата и домот на директорката, кои по информациите на „Њујорк Пост“, содржат нејзини фотографии на кои таа е само по долна облека и во секс односи, вклучувајќи и тројка.
Според изданието, лудориите на Сејфула се откриени по романса со таткото на ученикот, кој ја открил аферата. Неименуваниот татко исто така им обезбедил на истражителите видео-и аудио снимки, на кои Сејфула признава дека имала орален секс со школскиот стражар во училиштето. Таа исто така признава дека имала секс со заменик-директор во складиште за книги за време на часовите на што изјавила:
„Не знам што мислев. Не знам зошто сум си мислела дека сето тоа е нормално”.
Според зборовите на таткото, тој се одлучил да го открие сето тоа бидејќи директорката и мајка на едно дете го правеле дека е будала кога тој кажувал дека се случува тоа. Врските меѓу колеги и колегите со родители не е казниво, но не и во образовната установа, особено закачување слики од тие случувања не се во согласно со законот, велат училишните власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа