Ја убил жена си со секира па се самоубил- брачен пар пронајден мртов

Брачен пар е пронајден мртов во својата куќа во Жабац, а се претпоставува дека мажот ја убил жената а потоа извршил самоубиство, велат од полицијата.

54- годишниот Д.М. синоќа со секира ја усмртил сопругата А.М. а потоа се самоубил.

Трагичниот случај го пријавила ќерката на брачниот пар. Истрагата беше спроведена а телата биле испратени во Институтот за судска медицина за обдукција.

"Истрагата, вклучувајќи обдукција, треба да покаже што се случило, но јасно е дека двајцата имаат повреди од ладно оружје.

Се претпоставува дека станува за убиство и самоубиство, но тоа ќе биде јасно по завршувањето на истрагата", изјави портпаролката на полицијата Милева Томиќ .

05.05.2014 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа