Милчо Манчевски се закити со награда во Тексас

Краткометражниот филм на Милчо Манчевски  „Четврток“ освои награда на УСА Филм Фестивал-от.  „Четврток“ минатата недела беше финалист на американскиот национален натпревар за најдобар краткометражен филм на 44-тото издание на фестивалот кој се одржува во Далас, Тексас. 

- „Четврток“ не беше планиран за награди. Сакав да видам дали можам во 90 секунди да набијам доволно прикаска и емоција да те погоди во стомакот, како во едно добро хаику, изјави Манчевски.

Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли,  монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи. 

„Четврток“ досега е прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Сао Пауло, Бразил, на РАИ Муви, канал на италијанската национална телевизија, на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк, на Интерфилм во Берлин, во кино-салите во Германија, на „Листапад“ меѓународниот филмски фестивал во Минск, и др. Во Македонија премиерно беше прикажан на свечената вечер посветена на творештвото на Милчо Манчевски, која во декември ја организираше Турскиот културен центар Јонуз Имре.

05.05.2014 - 09:52
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега