Министерот Ивановски на завршен состанок на ICANN во Дубаи
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе учествува на завршниот состанок на Независниот панел за глобалeн интернет, кој денеска и утре се одржува во Дубаи.
На состанокот се очекува учесниците да усвојат документ што ќе овозможи развој и глобализација на тековната интернет рамка, како и поттикнување на процесот за независно функционирање на интернетот. Министерот Ивановски ќе оствари повеќе билатерални средби со претставници од владини институции, приватниот сектор и светските телекомуникациски организации, со кои ќе разговара за теми од областа на информациско-комуникациските технологии.
Советот на панелот, заедно со експертите и набљудувачите, првпат се сретнаа во декември минатата година во Лондон, каде дискутираа за глобалната интернет соработка и механизмите на управување со интернетот што ќе се преземат во иднина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа