Ќе врне ли и нареднава недела?

Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно, попладне повторно нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северозападен.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 15 со 21 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во понеделник се уште ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови намалување на дневната температура. Потоа, следуваат неколку денови на постабилно, посончево и потопло време.

04.05.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега