Нимиц свика средба во Њујорк на 6 мај

 

Посредникот во разговорите за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц свика нова рунда разговори на 6 мај во Њујорк. Амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, ја прифатиле поканата.

Според утврдениот формат, Нимиц првин ќе се сретне одделно со двајцата посредници, а потоа и на заедничка средба во седиштето на Обединетите нации.

Оваа средба, која доаѓа пред европските и локалните избори во Грција, беше најавена по претходните разговори во Њујорк на 26 март. Нимиц тогаш најави и посета на Македонија и Грција, откако во двете земји ќе завршат изборните циклуси. 

03.05.2014 - 10:28
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега