После пијана ноќ се здебелуваме еден килограм

 

Дали сте знаеле дека  во текот на една „пијана“ ноќ жените можат да внесат повеќе од 5725 калории, а мажите околу 6940, што е три пати повеќе од препорачаниот дневен внес.

Резултатите на неодамнешната британска студија покажаа дека речиси 60% од луѓето се опиваат барем еднаш неделно, што доведува до тоа да се здебелат за еден килограм. Сепак, за тоа не е виновен алкохолот, туку храната која ја јадеме после мамурлакот.

Луѓето се обидуваат да го ублажат мамурлакот внесувајќи масна храна, со која внесуваат повеќе од 5.000 калории. Сепак, дури и да се храните здраво следниот ден, една пијана ноќ неделно може да предизвика да се здебелите 12 килограми на годишно ниво, предупредуваат стручњаците.

Алкохолните пијалоци го поттикнуваат апетитот и ја намалуваат инхибицијата, поради што луѓето често здравата храна ја заменуваат со масна. Затоа, следниот пат кога сте мамурни внимавајте што ќе јадете.

30.04.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега