„Oтворени денови“ на Училишниот проект на ЕВН Македонија во прилепските и долненските основни училишта
„Училишниот проект 2014“ продолжува со отворените денови кои што ЕВН Македонија ќе ги организира во повеќе училишта низ земјава. На 30 мај учениците, наставниците, родителите и представници на локалната самоуправа ќе бидат дел од отворените денови во ОУ „Ѓорче Петров“ во Ропотовоопштина Долнени и ОУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари општина Прилеп. Општинските енергетски менаџери ќе ги презентираат енергетските проекти, а учениците ќе демонстрираат што научиле и што сработиле во текот на целата учебна година во рамки на енергетските секции.
Отворените денови во рамките на Училишниот проект на ЕВН ќе продолжуват наредниот месец во основните училишта во Кичево, Струга и Ресен.
ЕВН преку „Училишниот проект“ веќе седум години им го збогатува знаењето за електричната енергија и мерките за нејзино безбедно користење на учениците од десет до дванаесет годишна возраст. Едукативниот процес досега го минале над 35 000 ученици. Во последните три години основани се секции т.е зелени енергетски клубови во 41 училиште. Во секциите децата посетуваат континуирана настава за разумно и безбедно користење на електричната енергија.
Училишниот проект ЕВН го спроведува во соработка со здружението „Конект“ како фасилитатор на активностите на терен на локалните организации: „МАЦЕФ“ од Скопје, „Младински Совет“ Охрид, „Планетум“ од Струмица и „Жетва на знаење“ од Прилеп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа