Стејт департмент: Изборите во Македонија уредни и професионални
Изборите во Македонија беа спроведени уредно и професионално, со одредени технички неправилности, изјави вчера Џен Псаки, портпаролка на американскиот Стејт департмент.
- Им честитаме на граѓаните на Македонија за исполнувањето на нивното право на глас на претседателските и парламентарните избори. Ја повторуваме првичната оценка на ОБСЕ дека изборите беа спроведени ан уреден и професионален начин, со некои технички неправилности. Продолжуваме да ги следиме фазите на изборниот процес, вклучително и постапувањето по евентуалните постизборни приговори и жалби. И секако, ги поттикнуваме тие што ќе ја формираат Владата по изборите да се посветат на отстапките и нееднаквостите во поширокиот изборен процес, кои беа наведени од ОБСЕ, изјави Псаки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа