ОМД со честитка за Иванов и Груевски: Да се изгради силна и попросперитетна Македонија

 

Обединетата македонска дијаспора денеска им ја честита на претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски победа на претседателските и парламентарните избори и и порача на опозицијата дека нивното место е во Собранието.

- Македонија му покажа на остатокот од светот дека е посветена на демократскиот процес и уште еднаш покажа зрелост со одржување на мирни и демократски избори со интегритет. Сите институции треба да работат за да се решат проблемите и да се движат напред за доброто на иднината на земјата, рече Стојан Николов од ОМД.

Претседателот од ОМД, Методија А. Колоски ги повика лидерите на опозицијата да гледаат кон иднината, затоа што во демократијата, потребно е опозицијата да обезбеди надзор над владата, а место на опозицијата е во Парламентот преку институционални механизми.

- Бојкотот на претседателските избори од страна на главниот политички блок на етнички Албанци не беше конструктивно, и лошо се одразува врз земјата. Времето за бојкотот е завршен. Пред изборите, ОМД спроведе панел дискусија во Вашингтон во однос на иднината и предизвиците и можностите кои претстојат за Македонија. Меѓу другите, еден од главните предизвици за земјата е етничката политика и политичките партии кои се основани на етнички принципи наместо на идеолошки. ОМД ги повикува македонските лидери да промовираат мултикултурен соживот, и поголема почит кон знамето на Македонија, институциите и благосостојбата. Со оглед на целите на Македонија за влез во евро-атлантските институции, го повикуваме македонското раководство да го зајакне својот случај преку свое ангажирање со актерите во ЕУ и НАТО, како и да ја користат секоја можност да ги претстават стратешките интереси за Македонија да биде што е можно поскоро дел од ЕУ и НАТО, рече директорот на ОМД за Европа, Филип Алтипармаковски.

ОМД како непартиска, неполитичка и невладина организација, ја повика дијаспората да гласа и да учествува во остварување на ова право преку својата иницијатива АЈДЕ Воте, АЈДЕ Гласајте. Повикува и за реформа на изборниот процес со тоа што ќе дозволи поедноставни процеси за регистрирање за гласачите, како и електронски начин за гласање на дијаспората или преку поштенски гласачки ливчиња, особено во областите каде непостои македонска амбасада или конзулат во непосредна близина.

30.04.2014 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега