Кери: Американското разузнавање има снимки од разговорите на Москва со нејзините агенти во источна Украина

 

Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека американското разузнавање има снимени разговори на лица од источните региони на Украина со руски агенти, објави вашингтонското интернет издание на „Дејли бист“.

Кери, според истиот извор, на минатонеделната средба на Трилатералната комисија во Вашингтон изјавил дека од прислушуваните телефонски разговори станува јасно дека наредбите во источна Украина доаѓаат од Москва.

- Не случајно се идентификувани некои лица кои претходно се наоѓале во Крим, а сега се во источна Украина, истакна Кери, не наведувајќи ги имињата на руските претставници кои се снимени.

Претставници на Стејт департментот и ма канцеларијата на Директорот на национално разузнавање одбија да ги коментираат ваквите информации.

Средбата на Трилатералната комисија, во која членуваат претставници на САД, Западна Европа и Јапонија, се одржала зад затворени врати на 25 април и на неа присуствувал и новинар на „Дејли бист“, Џош Рогин. Тој постепено ги објавува „политичките некоректни“ изјави на Кери. 

29.04.2014 - 20:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега