ФОТО: Најдебелата жена на светот - морам да ослабам 226 кила за да влезам во венчаницата

 

Таа не само што е најдебелата жена на светот, туку верувале или не е вистинска заводничка. Триесет и осумгодишната Черити Прајс и нејзиниот речиси двојно помлад љубовник дваесет и едногодишниот Тони Сајер планираат да се венчаат, но и таа да ослабне.

Таа има 346 килограми и за да игра и прошета до олтарот мора доста да се помачи.

„Не сакам да се венчам дома. Сакам сама да прошетам во венчаница до олтарот, а планирам да носам каубојски чизми и да играм цела вечер“, изјавила Черити која планира да ослабне 270 килограми колку што е потребно за да замине на гастро бајпас, затегнување на желудникот. 

Черити која е самохрана мајка на седумнаесетгодишната девојка Чарли, во меѓувреме заболела од лимфедем, собирање на течности во ткивото поради што на левата нога има голем оток. Имала незгода паднала, па има дополнителни тешкотии во движењето. Но, тоа не е ништо затоа што таа има зацртано цел и сака да успее. 

Инаку оваа жена и нејзиниот партнер се запознале преку Чарли, затоа што Тони е помлад брат на нејзиниот татко. 

 

 

29.04.2014 - 19:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега