Проверете дали утре ќе останете без струја

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека поради планирани технички зафати во нивната електроенергетска мрежа без струја ќе бидат жителите на дел од неколку општини.

Од 9:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Крсто Баиќ, Кукушка, Благој Страчков, Димитрие Туцовиќ, Аминта Трети и Јордан Хаџи Константинов- Џинот, во Општина Центар.

Од 9:00 до 15:00 часот електрична енергија ќе нема во дел од село Радуша, село Дворце, и село Орашје во Општина Сарај, во селото Студеничани ул. Број 1 односно од џамијата до ОУ „Наум Фрашери“, на улицата 8 во село Батинци и во село Љубош.

Од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Синѓелиќ, во Општина Гази Баба.

Од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица Коста Новаковиќ броевите 6, 8, 10, 12, 14, 16, 18, и 20 односно од Поликлиника „Јане Сандански“ до ул. Трета Македонска Бригада, во општина Аеродром.

Од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улица Теодосиј Синаитски, а од 13:30 до 14:30 часот и дел од корисниците од улица Париска број 50, и ул. Варшавска број 6 и број 6А, во Општина Карпош.

29.04.2014 - 18:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега