Во Украина се случи пуч поддржан од Западот

 

Кризата во Украина  е предизвикана од пучот поддржан од Западот, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средба со неговиот кубански колега Бруни Родригес во Хавана.

- Им благодариме на нашите кубанси колеги на разбирањето и силната поддршка поврзана со кризата во Укрина, предизвикана од пучот поддржан од западните земји, истакна Лавров.

Како што јави ИТАР-ТАСС, тој посочи дека се „разговара за брзо изнаоѓање на решение преку широк национален дијалог во Украина“.

Лавров денеска ја посети Куба во рамките на неговата турнеја по земјите од Јужна Америка. Во Хавана е предвидена и негова средба со претседателот на Куба, Раул Кастро.

Рускиот министер за надворешни работи утре ќе ја посети Никарагва.

29.04.2014 - 17:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега