Швајцарија и Македонија со нова Стратегија за соработка

 Денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми присуствуваше на промоцијата на Стратегијата за соработка на Швајцарија со Македонија (2013–2016).

Новата Стратегија за соработка со Македонија за периодот 2013-2016 планирано е да се реализира преку соработка во три подрачја: демократско управување и децентрализација, економски развој и води.

Швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото истакна дека поширока цел на оваа Стратегија за соработка е Швајцарија да ја поддржи транзицијата на Македонија кон социјално инклузивна пазарна економија и демократски политички систем во контекст на европската интеграција на земјата. За реализација на целите од Стратегијата ќе бидат обезбедени  85 милиони швајцарски франци.

Од осамостојувањето и во текот на транзицијата на Македонија кон плурална демократија и целосно функционална пазарна економија, Швајцарија секогаш  се обидуваше да обезбеди соодветна поддршка и соработка. Почнувајќи од 1992 година, програмите реализирани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO) опфаќаа разни тематски подрачја.

На настанот, што се одржа во организација на Швајцарската амбасада и Швајцарската канцеларија за соработка, присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. 

ФОТО: МИА

најчитано сега