Груевски: Победи волјата на народот - победи Македонија!
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва се заблагодари за поддршката која граѓаните денеска ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
- Иванов победи со разлика од над 130.000 гласови. Му ја честитаме победата. Најголем победник е Македонија! Честитки до сите граѓани на Република Македонија за успешниот изборен ден а особено оние кои гласаа, рече вечерва Груевски во своето обраќање.
Груевски истакна дека денеска Македонија реализираше ефективни избори, кои минаа без било какви инциденти.
-Тој се заблагодари за поддршката и упати честитки до Македонците, Албанците, Русите, Србите, Власите, Србите, Власите и до сите кои гласаа на овие избори.
На 92 проценти преброени гласови, рече Груевски, се чини ќе имаме 61 или 62 места во Парламентот, наспроти 34 или 35 за СДСМ и Коалицијата.
- Ова е јасно изразена победа на граѓаните на Македонија. Јасно изразена волја на народот. Двете победи значат дека граѓаните во 9 изборни циклуси ни даваат поддршка за што им благодариме. Нашиот концепт е реализација на ветеното, конкретни, а не општи ветувања. Концепт за услови за нови работни места во тешки времиња. Концептот за привлекување странски инвестиции. Концепт на директно приоѓање и решавање на проблемите на граѓаните, ниски давачки, инвестиции во образованието, подобрување на здравството, земјоделието, на силна борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото, рече Груевски во вечерашното обраќање.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека постои огромна разлика и дека таа денеска наиде на јасен одговор од граѓаните во сите општини во Македонија.
Тој истакна дека Владата од утре повторно ќе работи за сите граѓани, за цела држава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа