Ставрески: Струмица е ВМРО-вски град!
Ставревски вечерва се заблагодари на сите поддржувачи кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
-Вечерва ќе славиме затоа што заслуживме. Работевме вредно и напорно сите. Од утре продолжуваме со работа за нови дела да ги реализираме проектите што ги ветивме за Струмица и за цела Македонија. За нови вработувања, за инфраструктурни проекти, за подобар живот. Ќе останам посветен на Струмица и на подобрување на животот во Струмица. Оттука натаму почнуваме да работиме за победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори во Струмица за да ја преродиме за сите вас, порача Зоран Ставрески вечерва од Струмица, носителот на листата од ИЕ 4 на ВМРО-ДПМНЕ за време на прославата на победата на партијата во овој град.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа