ВМРО-ДПМНЕ на нозе - имаат 316.000 причини за славење

ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа на денешните избори. Според податоците на аналитичкиот центар на партијата, од досега обработените гласови, ВМРО-ДПМНЕ е 130.000 гласови пред СДСМ, со 316.000 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ бележи убедлива победа во првата изборна единица, објави вечерва Влатко Ѓорчев. Во Аеродром, за ВМРО-ДПМНЕ гласале дури 15.000 граѓани, додека во Кисела Вода е 2 спрема 1 со 8.000 гласови за СДСМ, 16.000 за ВМРО-ДПМНЕ. И во Карпош 1,2,3,4, ВМРО води со 8.500 гласови. 

Во Центар значајно е намалена разликата, а Ѓорчев истакна дека не креваат раце од оваа општина. Тој им се заблагодари и на Коалицијата за подобра Македонија и на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата убедливо победија во Сопиште, Сарај, објави Ѓорчев. Податоците велат дека Груевски убедливо води во Првата изборна единица.

Во втората изборна единица, во Гази Баба СДСМ има 4.700, ВМРО-ДПМНЕ 13.300 гласови, што е повторно најголема разлика во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во Ѓорче Петров со 7.300 наспроти 5.700. Во Куманово водат со 8.800 на 6.400. Победа за ВМРо-ДПМНЕ во Куманово. И победа која е девет спрема еден. Во Шуто Оризари СДСМ има 625, а Коалицијата за подобра Македонија, 5.600 гласови. Ѓорѓе Иванов води со 5.900 наспроти 1.200. 

Во Третата изборна единица, во Велес 6.500 за СДСМ, 12.100 за ВМРО-ДПМНЕ. 2-1 во Велес. Штип во моментов има 12.000 на 7.000 гласови, со што ВМРО-ДПМНЕ издвојува победа и во Штип. Два спрема еден за ВМРО-ДПМНЕ е победата и во Крива Паланка и Ранковце. Во Кочани 5.600 наспроти 4.000 за СДСМ. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ издвојува победа во 22 општини. Во Кратово разликата е 3 спрема 1. 

Во Четвртата изборна единица, во Струмица ВМРО-ДПМНЕ води со 600 разлика. Во Кавадарци 6.000 за СДСМ наспроти 10.000 за ВМРО-ДПМНЕ. 7.000 разлика има во Прилеп.

Во Петтата изборна единица, името на Антонио Милошоски е заокружено од 25.000 граѓани. И Гордана Јанкулоска го победи Петре Шилегов.

27.04.2014 - 22:43
Фото: 
Република

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега