Во Велес до 17 часот одѕив од 55 проценти
Во Велес до 17 часот на изборите за претседател гласале 55,86 проценти од лицата со право на глас, а на предвремените избори 56,88 проценти.
Во Велес на 84 избирачки места според ОИК до 17 часот на вторите претседатесли избори гласале 55,86 проценти од гласачите, а за вонредните парламентарни гласале 56,88 проценти. Гласањето на сите изборни места поминало фер и демократски, велат од ОИК. Во Велес денеска за вторите претседателски избори гласаат 46.548 избирачи, а за вонредните парламентарни 46 444 избирачи.
27.04.2014 - 18:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа