Направила сообраќајка поради статусот на Фејсбук

32- годишната Кортни Ен Санфорд загина во сообраќајна несреќа откако со нејзиниот автомобил преминала во погрешна лента и се судрила со камионот кој доаѓал од спротивната страна.

Пред само неколку секунди Кортни објавила статус на својот Фејсбук профил кој гласел:

“Оваа песна ме прави најсреќна”
Статусот бил објавен во 8:33, а несреќата се случила само една минута подоцна во 8:34 па така нејзиниот најсреќен момент завршил во трагедија.

Полицаецот Крис Вејснер објавил дека ова е предупредување на сите. Истражувачите го разгледале Фејсбук профилот  на жената и сфатиле дека пред несреќата таа поставила и неколку селфи фотографии.

"Не заборавајте, безбедноста при  возење никогаш не е на одмет” вели Вејснер.

27.04.2014 - 16:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега